Петар Печков
Објавено: вторник, 13 февруари 2018
Бизарна кражба се случила изминатиот викенд во околината на Велес. Во насеслбата Дурутовец, од бавча е украдена кобила. Сопственикот ги замолува сторителите да ја вратат, оти таа му е неопходна за работа.
Изминатата сабота ми беше украдена кобилата од шталата. Со нејзе работам долги години, ја обработувам земјата. Овој чин е непоштен, нечесен. Ги замолувам тие што ја украле да ја вратат оти прават голем грев. Ако имаат срце и душа нека ја вратат, таа е учена само со мене да работи. Вратете ја за да имате мир и спокој на душата - вели сопственикот Миле Манев.
Додава дека во периодот кога кобилата е украдена, соседите виделе во близина автомобил со прилепски регистарски таблички, со љиљакова боја. Од СВР Велес потврдија дека има пријава за украдена кобила од штала.
Tweet |