Петар Печков
Објавено: среда, 25 септември 2019
Вторникот вечерта, велешанец кој се подготвувал да ја напушти авионски земјава, бил уапсен. Се барал заради отслужување затворска казна.
На 24-ти септември 22.20 часот на Граничниот премин „Меѓународен Аеродром Скопје“, при контрола и проверка било констатирано дека лицето М.З.(31) од Велес се наоѓа на листата со мерка „апси“. По ова бил приведен и предаден на полициски службеници од Полициската станица Гази Баба за спроведување до Казнено- поправната установа -Затвор Скопје - соопшти МВР.
Tweet |