речник контакт

Велешанец починал додека се возел во такси возило

Лицето кога било донесено во Итната служба, веќе било починато

Петар Печков

Велешанец Ш.Б. (67 год) починал додека се возел во такси возило. Настанот се случил, вчера, понеделник  околу 11ч. претпладнето. Лицето било пренесено до службата за Итна помош, во Уред.  

„Такси возач донел патник,  кого  го превезувал и  кому при возењето  му се слошило.  Лекар на Итната помош го прегледал, но лицето не давало знаци на живот, веќе бил починат, не можело да се интервенира“ - соопшти д-р Василка  Пановска началник на службата за Итна помош.

Веднаш потоа телото на починатиот било предадено на семејството.  

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »