Петар Печков
Објавено: недела, 25 јануари 2015
Ноќта во петокот кон саботата било пронајдено повредено машко лице, за кој настан полицијата истражува што се случило. Во полицискиот билтен за ова е запишано:
На 24.01.2015 година околу 3 часот во СВР-Велес од страна на Итната Медицинска Помош е пријавено дека истите добиле повик од анонимен граѓанин, кој пријавил дека на ул.„Лазе Осмаков“, поточно на влезот од гаражите лежело повредено лице.
Од страна на доктор е излезено е на лице место, каде што бил пронајден Т.Д.(1965) од Велес. Тој имал повреди во пределот на главата и градниот кош и бил облеан со крв по телото.
Т.Д. во неконтактибилна состојба е пренесен во велешката болница, но поради сериозноста на повредите е префрлен во Кличнички Центар Скопје.
Увид на лице место извршила екипа од СВР-Велес. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Tweet |