речник контакт

Велешанец сокрил пола кило марихуана во тетрапак сок

На Табановце Г.Д. бил фатен како се обидува да ја префрли дрогата за Берлин

Петар Печков

На граничниот премин Табановце бил спречен шверц на марихуана сокриена во тетрапак сокови. Дрогата е пронајдена кај  велешанецот Г.Д. македонски државјанин кој се превезувал со автобус што сообраќал на вонредна линија Тетово-Берлин. 

Поради сомнително однесување на Г.Д. извршен е претрес на неговата патна торба каде покрај гардеробата, пронајдени се два тетрапак сокови со невообичаена тежина. Во нивната внатрешност пронајдени се три пакувања обвиткани со салотејп трака, наполнети со зелена тревкаста материја од непознато потекло, со тежина од околу 500 грама. Во неговата торба пронајдени се и 47 празни зипер кесички кои се користат за пакување и продажба на марихуана.

Осомничениот откако претходно ја набавил марихуаната, тргнал од Велес за Скопје се качил на автобусот, да патува за Берлин каде имал намера да остане за да работи, а марихуаната требало да ја предаде на лице кое работи во тој град.
 
Против сторителот, Царинската управа поднесе кривична пријава за сторено кривично дело до надлежното Јавно обвинителство.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »