речник контакт

Велешанец фатен како превезува мигратни

Во автомобилот Г.Т. превезувал 13 мигранти

Петар Печков

Велешанец фатен како илегално превезува мигратни за што заработи кривична пријава. Регионалниот Центар   за ГР Југ поднел  кривична пријава против Г.Т.(34) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“.

На 3 мај  година, во 5,30 часот на магистралниот пат Удово-Скопје кај м.в. „Аразлиска река“ од страна на полициски службеници било сопрено патничко возило „Опел Вектра“ управувано од пријавениот во кое при извршен претрес се пронајдени 13 мигранти. Од страна на судија на претходна постапка на пријавениот му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

Годинава повеќемина велешани или жители на  околните села се фатени како илегално превезуваат мигранти. На 31 јануари велешанецот Т.А. (20 год) во камион кој тој го  управувал   биле  пронајдени 26 мигранти. Ова се случило на наплатна рампа кај Градско.   Жител на  село Сливник М.М. (25 год) во камион ,,мерецедес,, превезувал 33 мигранти. Бил  фатен  на спореден пат кај село Никуштак - кумановско. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »