Петар Печков
Објавено: вторник, 24 јануари 2017
СВР Велес информира дека поднела кривична пријава против М.Д. (29 год) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги“.
Откриен е во неделата на 22.01.2017 година, од страна на полициски службеници при извршена контрола на патарината Сопот на автомобил „Шевролет“.
Тој бил управувано од Л.Р. во кое како сопатник бил М.Д.При извршен преглед на лицата и возилото кај М.Д. е пронајдено едно пакување од околу 99,14 грама наркотична дрога – хероин.
Tweet |