Петар Печков
Објавено: сабота, 01 октомври 2011
Генци Лујџи од Албанија е најбрзиот поштар на Балканот годинава. Македонецот, Трајче Михов беше четврт на 40. Балканско првенство во брзо одење на поштенските работници што денеска се одржа во Охрид.
Во оваа професија сум 11 години исто и се натпреварувам откако сум вработен во пошта. Како поштар - разнесувач ми помага во работата затоа што тренираме доста, вели Трајче Михов вработен во Македонски пошти - Велес.
Во женска категорија најбрза беше Романката Андреа Арсине, а од македонките најдобар пласман имаше битолчанката Тања Велјановска, која го зеде четвртото место.
Tweet |