Петар Печков
Објавено: вторник, 05 декември 2023
Президиумот на Левица, едногласно го реизбра, Димитар Апасиев, за старо-нов претседател на партијата. Ова беше одлука на Вториот редовен Пленум, одржан во Скопје.
,Ние не сме Партија која ги претставува сите, ние сме партија која ја претставува работничката класа и непривилегираните! Оттука, наше е да го повикаме духот на антиестаблишментот да излезе од шишето и да заигра во дворот на богаташите и транзициските профитери. Дојдено е времето за наплата – да ги пребориме зулумите, да ги израмниме есапите!” - кажа Апасиев на реизборот.
Јована Мојсоска е назначена за Генерален секретар на Левица.
фото ФБ/ Левица
Tweet |