Петар Печков
Објавено: среда, 11 април 2012
Победник на натпреварот на кој беа пристигнати 104 бизнис идеи од 23 градa, најголем дел од услужната дејност, прехрамбената индустрија, информатичката технологија и туризмот е битолчанецот Петар Котески со проект за развивање и продажба на видео игри на светскиот пазар.
Тој е награден со 10.000 евра, додека останатите пет финалисти, меќу кои е и велшанецот Кире Кочов добија по 1.000 евра. Организатор на ова натпреварување беше Владата на Република македонија а премиерот Никола Груевски им ги додели наградите на победникот и на финалистите на натпреварот за најдобра бизнис идеја од проектот „Фабрика на бизнис идеи“.
Tweet |