Петар Печков
Објавено: среда, 14 јуни 2017
Хрватско –македонската тангента во соработка со Хрватската матица, огранок во Шибеник и Туристичката заедница на Шибеник, организираше престасување на КУД Керамичар од Велес.
Станува збор за манифестација од културен, забавен и ено гастро карактер, со цел да ја престави на тамошната јавност, дел од богатата македонска традиција и култура во Шибеник, пред тамошните домашни и странски туристи.
Во шибенската библиотека била поставена изложба на фотографии од архитектура а настап имале и Клубот на писатели од Велес. Помеѓу Шибеник и Велес постои силно поврзување и се надеваме дека градот Велес ќе има можност да организира претставување на шибенската култура – велат организаторите на настанот.
Гостите од Велес се претставиле со свој музичко- фолклорен програм, дел од богатата македонска културна оставина, пред се со народни песни и традиционални македонски ора, кои ги заиграле бројните шибенчани собрани на плоштадот, пред зградата на Жупанијата.
Во текот на дводневниот престој, бројната уметничка група од 50-тина гости од Велес, ги запозна историските и културни вредности на Шибеник,и Шибенско – Книнската жупанија, се дружеле с о домаќините, размениле искуства и мислења со домаќините од Шибеник.
текст и фото: https://sibenskiportal.rtl.hr/2017/06/12/foto-sibencani-i-makedonci-zaplesali-veliko-kolo-u-srcu-sibenika/
Tweet |