Петар Печков
Објавено: недела, 18 јануари 2015
Некои наши сограѓани ја покажаа својата храброст, умешност, знаење и заслужуваат да бидат посебно запишани.
Таков беше случајот со Благојче Наумов,кој на 22 ноември од запалената куќа на Давчевски спаси три деца од огнот, кој потоа ја пеплоса куќата.
Емин Асановски и браќата Фаик и Махмут Демирови спасија сограѓанка од Вардар, која се обиде да си го одзеде животот.
Веселинка Маџарова пај за прв пат во печатено издание ја подготви Литургијата на Бадев од 1898 година.
Пофалби заслужуваат и пливачите кои за прв пат пливаа маратон на велешко езеро.
Хуманоста на семејството Цветкови кое до ланскиот Божик даде 220 крвни единци е за почит.
Tweet |