речник контакт

Велешани оставаат ѓубре, но не ги плаќаат казните

Зошто не е платена глобата за фрлање смет на јавни површини?

Петар Печков

За половина година  велешката полиција регистрирала  142 прекршоци на јавната чистота. Од нив  29 граѓани прифатиле да работат јавна работа, да чистат јавни површини а не да платат казна, додека од останатите граѓани ниту еден досега ја нема платено глобата.

Ова е информацијата за полугодишната работа на СВР Велес, во која  се евидентирани и прекршоците за јавната чистота. Тоа е фрлање смет,  отпушоци од цигари, но и перење   и миење на  автомобили на јавни површини, на тераси и слично. На прашањето од советниците зошто овие 113 лица не ја платиле казната, од полицијата немаа одговор, бидејќи тоа не е во нивна надлежност.

п.с. За потсетување казниво е подготување ајвар на јавна површина, иако досега нема ниту една изречена глоба за тоа што го прават изминатите три години, откако важи Зконот, стотици велешани. Како што го работеле и со стотина години наназад.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »