Петар Печков
Објавено: понеделник, 13 мај 2019
ЈЗУ Општа Болница Велес доби неколку медицински апарати, со кои грижата за здравјето на пациентите се зголемува. Тие се донација од македонско - германското здружението ,,Киндерф Хилфе,, со вредност од околу 40 илјади евра.Таа е обезбедена со ангажам на новото раководство на оваа здравствена институција.
Набавени се гасен анализатор, ехо апарат, инхалатори за деца, пулс оксиметар и подвижно ЦТГ. Двата апарати се веќе поставени во лабораторијата и интерната амбуланта. Гасниот анализатор е производство на ,,инструметејнјшн лабаратори, реномиран производител на медицинска опрема.
Овој апарат кој е за обработка на параметри од критично болни пациенти, ги работи следните параметри: пх во крвта, парцијален притисок на ЦО2, парцијален притисок на кислород,, натриум, калиум, јонски калциум, лактати, глукоза. Врз основа на овие мерни параметри се изработуваат и други вкалкулирани параметри по барање на корисниците. Досега ваков апарат со мерење вакви параметри не сме имале. Добивме и кертриџи со што се обезбедени за работа за следната година дена - кажа д-р Васил Тодоров началник на лабораторија.
Еко апаратот ,,сименс,, е исто така во функција, тој работи со четири сонди.
Апаратот е со повеќе функции. Има абдоминална сонда, кардиолошка сонда, сонда за доплер. Практично сите дејности кои се во ехото, во дијагностиката може да ги извршува. Веќе е поставен и работиме со пациенти - рече д-р Драган Јорданов началник на интерното одделение.
Од здружението ,,Киндер хилфе,, изразија задоволство за тоа што можеле да помогнат со опремување на велешката Болница cо апаратура и најавуваат дека соработката може да продолжи и во иднина, на задоволство на пациентите и докторите. За оваа нивна донација, тие добија и благодарница од страна на директорот нa Болницата д-р Божидар Бојаџиев.
Tweet |