речник контакт

Велешки Јоми фуд единствениот македонски заштитен производител на ајвар

Освен што ајварот се пласира на македонскиот пазар, тој се продава и во САД и Австралија

Петар Печков

Велешанецот   Зоран Аврамов сопственикот на  прехранбената фабрика Јоми Фуд може да се пофали што единствен во Македонија има заштитена трговска марка,  сопственоста на брендот  ,, ајвар,,. Тој има мала семејна фабрика за производство на овој специјалитет, лоцирана на влезот во Башино село каде што преку сезоната, кога е најголемата побарувачка за  на далеку познатиот и баран ајвар, е вистинска добитна комбинација да се најде слободно количество и полни  тегли. Се е одамна продадено. Квалитетот и името кои се нудат, се мамка за потрошувачите.

Имаше повик од Министерството за земјоделие, пред четири години  кој сака да го користи брендот  македонски домашен ајвар. Постојните фирми тогаш  имаа брендирано свои имиња и не пројавија интерес. Преку Државен завод за индустриска сопственост успеав ја истрчав оваа работа и го заштитив името македонски домашен ајвар. Ова е  четврта година по ред како што ја имам можноста да го произведувам ајварот под тоа име – вели Зоран Аврамов.

Ајварот може да се најде единствено во продавниците на КАМ додека во останата  трговска мрежа под исто така заштитеното има Гемиџиски ајвар.  Фабриката во овој период, кога работи под полн капаците може да производ помеѓу 150 до 200 илјади парчиња ајвар, во период од три месеци, од средината на август до средината на ноември. Суровината  за подготовка се набавува од познати производители со кои  Аврамов соработува подолго време. Црвената куртова пиперка е од Струмица, потоа  се купува од Градско, Сирково,Росоман,  и завршува со Прилеп и Битола. Како месеците минуваат така  набавката се сели  од запад кон исток. Црниот патлиџан  е константен, од Росоман од докажан производител.

Сакаме да имаме квалитет, не одиме на количини туку на квалитет. Можеме да произведеме до 300 илјади тегли,но не го работиме тоа на штета на купувачите. Целна група ни се  потрошувачите кои сакаат добар ајвар и тоа дава резултати. Познати сме во Македонија. Кој еднаш купил, повторно се враќа на нашиот производ.  Ајварот го   пласираме и во странство  во Торонто  Канада, во Австралија Сиднеј и Перт. Нов пазар ни е  Чикаго  во САД Чикаго  од почетокот на октомври годинава – додава Зоран.

За да ја задоволи побарувачката преку сезоната има ангажирано до 35 времено вработени лице, повеќето жени. Едни го печат, тоа е машката работа, други ги лупат пиперките и патлиџаните а трети го пржат. Тоа е женскиот дел од обврската. Истовремено се подготвува и лутеница.  Преку годината  има седум до десет  вработени. По завршувањето на подготовката на ајварот се работи на  лист од  стасана зелка за сарма, тоа е  до јануари. Потоа е подготовка на  слатко од портокал,  па зелена смоква, следи  слатко од вишна, капина, малина,  аронија, јагода. Така сите 12 месеци од годината се исполнети.

Освен што е Јами фуд единствениот брендиран производител заштитен како индустриска сопственост,  тој може да извезува и во 40 други земји. Така овој бренд има  трговска марка  и на овие пазари кои покриваат голема број население, никој не може да конкурира  и да врши опструкција со името а вратите за продажба се отворени.

Пред две години со Лисабонската декларација тој е заштитен во 40-тина земји и таму можам да го пласирам. Во таа пригода од Македонија беа заштитени   ајварот заедно со овчеполскиот мед и виното Дисан на Бовин – рече Аврамов. Решителноста од пред некоја година да го брендира ајварот на сопственикот Аврамов му донесе  голем интерес и  потрошувачка.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »