Петар Печков
Објавено: понеделник, 18 март 2013
Во текот на изминатата недела по спроведена дисциплинска постапка, донесени се 22 решенија против исто толку вработени во МВР поради сторени повреди во работењето. Меѓу нив се и двајца велешки полицајци.
Љ.П., полициски службеник во СВР Велес, изречена му е парична казна во износ од 15% од месечната плата во траење од шест месеци. Тој употребил и бил под дејство на наркотични средства.
Н.Т., полициски службеник во СВР Велес, изречена му е парична казна во износ од 15% од месечната плата во траење од шест месеци . Тој учествувал во тепачка.
Tweet |