речник контакт

Велешкиот суд не го сака предметот,,убиство во Ореше,,

Основниот суд од Велес побарал изземање по предметот ,,убиството во Ореше,, но не кажуваат зошто

Петар Печков

Основниот суд од Велес побарал изземање по предметот ,,убиството во Ореше,,.  Откако Апелација ја врати пресудата, на ново четврто судење, беше одредена нова судијка која ќе го суди предметот.  Набргу по ова судот од Велес се обратил до Апелација да се изземе од овој предмет. Оваа информација ја потврди претседателот на судот, но не сакаше да каже поради кои причини тоа го бараат.

Судијката која го доби предмет побара изземање од судењето. Тоа е нејзина одлука и можете да добиете одговор од неа, за причините поради која го побара – изјави Ордан Лазаровски претседател на Основниот суд во Велес. 

Тој напомена дека се бара изземање на судот во Велес и негираше дека такво барање испратил тој, туку само судијката. Со Законот за кривична постапка член  31 прецизирано е дека  пренесување на месна надлежност  е можна само од правни или стварни  причини.

Дали причината за  изземање лежи во тоа што претходните лица кои беа вклучени во овој предмет завршија во затвор со не правосилни пресуди по предметот ,,Ликвидација,, никој не сакаше да коментира. Судијата Илија Танев кој донесе две   осудителни пресуди и една ослободелна пресуда, обвинителот Ивица Ефремов кој го застапуваше обвинението и судија Валентин Зафиров, кој ја водеше истрагата. Во меѓувреме познато е што Апелација бара  при повторното одлучување за овој предмет. Тоа е да ,,даде јасно и неконтрадикторно образложение, да даде јасна, разбирлива и непротивречна пресуда,, .  

Апелација бара  дополнително да се сослушаат сведоци за пронаоѓањето на рамката на пушката, која според тогаш заштитниот сведок Бреза – Златко Арсовски, телефонски  му се јавил  нарачателот на убиството Ѓоре Петревски  од Америка и му пренел да ја најде и фрли. Таа  е најдена во дол во близина на  селото Ореше, целиот во шума каде според кажувањето на  сведокот ,,Бреза,, обвинетите  за убиството браќата Ордан и  Љупчо Ѓоргиевски при бегањето ја фрлиле во долот.  Овој доказ, според бранителите  на обвинетите спорен  е овој доказ,  оти истиот е пронајден на 10-ти октомври додека Арсовски прв пат во  пишан документ во изјава ја споменува неколку дена подоцна на  4-ти ноември.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »