Петар Печков
Објавено: петок, 12 октомври 2018
Во шест клона на Детската градинка ,,Димче Мирчев,, од Велес има згрижено 1.359 деца иако капацитетот е 1.042. Тие се згрижени во 49 групи. Или над капацитетите има 317 деца.
Најголем број деца се згрижени во клон 2 кај Жаба зграда 421 иако капацитетот е 260 деца. Во ново отворените клонови во Чашка и Караслари бројката на деца а помала од капацитетот 40, има по 217, односно 17, додека во Градско има 32 деца колку што има и можности за згрижи.
Поради ваквата состојба Детските градинки од Советот на Општина Велес побарале за следната 2019 година, да функционираат со поголем број на деца од нормативите. За ова барање ќе се одлучува на следната седница,закажана за в среда.
Од годишниот извештај на ОЈУГД ,,Димче Мирчев,, може да се види дека годинава во градинката кај 27 деца биле детектирани потешкотии во развојот.
Tweet |