речник контакт

Велешките мажи не користат породилно отсуство

Законот им дава, тие не го земаат. Предрасудите главна причина да не се користи законското право

Петар Печков

Велешките мажи не сакаат да користат породилно боледување иако имаат законска можност за тоа. Тоа е случај и со повеќето македонски мажи.  Од многу причини, но најчесто поради традиционалните непишани правила, обврската за повивање, хранење и чување на новороденчето која се смета за женска работа.

Годинава, отсуство за чување на дете одлучил да користи само еден маж  и тоа од Кичево. Минатата година оваа законска можност ја искористиле само 11 татковци. Лани, од единаесет татковци породилно боледување зеле седум скопјани и по еден од Радовиш, Струмица, Тетово, Штип. Bо 2012 година се охрабриле дваесетмина,  ниту меѓу нив има велешани.

Машките од мали се воспитуваат дека се глава на семејството и обврска им е да го издржуваат а дека грижата, негата и воспитувањето на децата треба да и ги препуштат на мајката. Од тие причини постои страв од осуда од околината, срам од пријателите, од етикетирање. Стереотипите најчесто ги кршат мажите чии сопруги работат во приватни фирми или кои во меѓувреме добиле прво вработување, па со финансиско мотивирано его, полесно ги доживуваат негативните реакции од околината, појаснуваат социолозите.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »