Петар Печков
Објавено: четврток, 20 септември 2012
Во Велес вчера попладне Министерството за одбрана ја организираше кампањата „Биди пилот“. Младите од градот се интересираа како можат да станат пилоти. Претставниците од Центарот за обука на пилоти , двајца велешки пилоти капетан Роберт Митровски и капетан Јован Шоповски им ги нудеа на заинтересираните, потребните информации како да се стане пилот.
Конкурсот за обука на пилотите е распишан на 15 септември и ќе трае до 30-ти септември. Ова е втора генерација пилоти која ќе се школува во Центарот за обука на пилоти. Стручно оспособување и усовршување за родот авијација е со времетраење од осумнаесет месеци и можат да конкурираат и момци и девојки. Повеќе информации на: http://morm.gov.mk/content/?DE2B1A69241D17E133D35ABC8AE30DA26035460A
Tweet |