Петар Печков
Објавено: петок, 30 септември 2011
Обемниот дневен ред и бурните расправи придонесоа 46-тата седница на Советот на општина Велес да заврши во 4 часот наутро. Таа започна во 13,30 вчера, четврток.
На дневен ред беа 27 точки, две се вратени на доработка, останатите усвоени.Така оваа седница влегува во историјата како маратонска.
Точките од дневниот ред, поврзани за реализација на проектот за водоснабдување на околината на езеро Младост и за покривање на каналот со отпадни води на улица Вардарска, беа вратени на доработка.
Tweet |