речник контакт

Велешките фотографи лути на воведената давачка од црквата

За секоја свадба и крштавка во Велес, сликарите треба да платат по 500 денари. Истите биле поради трошоци за одржување на црквата

Петар Печков

Велешките фотографи од неодамна почнале да плаќаат по  500 денари за секое снимање на свадба и крштавка, која се одржува во црквите во Велес,  дел  од Повардарска  Епархија на МПЦ-ОА.

За нив оваа одлука е неразбирлива и е давачка, која не донесува ред во работата, напротив воведува револт.    Таа била воведена неколку дена откако била осветена новата црва. ,,Св. Кирил и Методиј,,. 

Црквата воведе давачка, која за нас е несфатлива  и од непознати причини. На венчавките, крштавки сме услужен сервис кој што работи за потребите  на младенците и на родителите на бебето. Црквата е народна   и свештениците имаат доволно награда од тарифите кои ги наплатуваат од младенците и кумовите,  свекорот дедото,  како и од  родителите и кумовите при крштавка. Велеа дека сме полнеле батерии, приклучувале рефлектори и дека  трошиме струја, вода, што не  е точно. Ова е случај само во Велес, на никое друго место  – изјави Данчо Стефков на прес конференција на фотографите од Велес,  одржана  пред новата црква Св. Кирил и Методиј  во Велес.

Тие потсетуваат дека претходно, без никаква одлука, туку доброволно по секое венчавка и крштавка, оставале по 100 денари за  црквата.   Веќе  оствариле средба со дел од свештенството на Повардарска епархија, но бараат со Митрополитот Агатангел.  Тој денес беше на  осветување на црква во Скопје.

Свештеник кој не е овластен да дава изјави, само кратко кажа дека оваа давачка не е кон младенците, туку  кон снимателите  и фотографите, кои создавале одредени трошоци со нивната работа. Добиените средства ќе се користеле за одржување на црквите.  Силно демантираат дека за било која крштавка била наплатена такса.

За венчавка  давачката кон црквата е од пет  илјади денари нагоре, за крштавка е  3,5 илјади денари.  Воведена била и такса за црковен развод  кој чинел три илјади денари. 

Од пред две години  фотографите за секое користење на спомен музеите во Велес, куќите   сопственост на  градот, на Рацин, Касапови, Жинзифов, Главинов, по барање  на тогашниот градоначалник Славчо Чадиев, Советот прифати  плаќаат по 300 денари давачка.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »