Петар Печков
Објавено: четврток, 21 април 2011
Меѓу повеќето од илјада јајца што беа понудени на вчерашната манифестација, се најдоа и десетина од Полска. Знаејќи за ова манифестација, средното училиште ,,Станислав Стажиќ,, од Новогард преку брза пошта испратиле нивни шарени велигденски јајца. Иако минале илјада километри, беа здрави а поради нивната интересна приказна, бргу се продадоа, со повисока цена.
Овие примероци на јајца стигнаа во рамките на соработката со збратимениот град Новогард од Полска и Велес, и збратимените средни училишта Коле Неделковски и Станислав Стажиќ.
Tweet |