Петар Печков
Објавено: понеделник, 16 мај 2011
На Градскиот стадион Во Велес се одигра меморијалниот фудбалски турнир Зоран Паунов. Учествуваа четири екипи кои играа полуфинале и финале во натпревари кои треаја 2х20 минути.
Победија ветераните на Борец кои во финалето со голот на Стојменов ја совладаа екипата на Вардар со 1:0. Во борбата за третото место Пелситер славеше над Работнички исто така со 1:0. Претходно во полуфиналето Борец го победи Пелситер со 2:1 а Вардар беше поуспешен од Работнички на пенали 4:3, откако во регуларниот дел средбата заврши нерешено 1:1.
Ова беше втор меморијален трунир кој се организираше во чест на починатиот голман Зоран Паунов.
Tweet |