речник контакт

Вечерва се пишува историјата на Велес

Зелената коалиција и градоначалникот Петров ги повикаа велешани денес да не отсуствуваат од часот, кога ќе се решава иднината на неговите жители, на ,,еколошкото народно востание,,

Петар Печков

 Под мотото „Никогаш повеќе Топилница во Велес“, Зелената коалиција од Велес ги повика жителите на градот да се приклучат на утрешниот протест против рестартирањето на топилницата, што треба да почне во 17 часот на плоштадот „Сармаале“.  

Од оваа битка не зависи само нашата туку и иднината на идните генерации на Велес, да живеат во здрав град. Победата против рестартирањето на Топилницата ќе значи и победа на идните генерации –вели  Ненад Коциќ член на Зелената коалиција.

Утре попладне во знак на поддршка  во Велес нема да работат училиштата, докторите а фирмите ќе ги пуштат работниците кои сакаат да присуствуваат на протестот. На него ќе дојдат и студентите од четирите факултети кои работат во Велес. Протестот го поддржа и претседателот на Македонија Ѓорге Иванов. Градоначалникот Горан Петров ги  повика утре велешани на денот на ослободувањето 9-ти ноември, симболично да го ослободат градот од еколошката катастрофа.

Имаме  само еден избор, да се одлучиме за здравјето на идните, се уште неродени генерации, за тие да не не споменуваат, како ние сега некои други претходни. Потребно е утре да одвоиме неколку часа од  сопствениот живот, за да дадеме право на следните генерации, тие да живеат во здрава средина. Овој протест е своевиден референдум, каде ќе покажеме дека сакаме да живееме во чиста средина, без топилницата – рече Петров.

Протесната поворка на граѓаните од плоштадот „Сармаале“ ќе се движи долж главната улица „Благој Ѓорев‘‘ покрај  Гимназијата и седиштето на ЕВН, се до пред вратите на топилницата за олово и цинк. Поради протестот од 16 часот па натаму, полицијата најави посебен сообраќаен режим во центарот на градот.

Протестот го поддржан од,  бизнисмени, лекари, спортистите и спортските работници, пензионерите, борците, младите и Повардарската епархија на Македонската Православна Црква и Исламската верска заедница во Велес.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »