Петар Печков
Објавено: вторник, 06 февруари 2024
Со вечерашната претстава „Сара“ работена по текст на Катерина Момева во режија на Елеонора Теова, велешки театар ја започнува театарската 2024 година.
Претставата својата премиера ја имаше 2020 година и четири години опстојува на сцената на татарот „Јордан Хаџи Константин во Џинот“.
Дури осум други престави ќе се најдат на репертоарот овој месец. Тоа се „Драма изгубена во времето“, „Лепа Ангелина“, „Нема струја за електричниот стол“, „Синиот портокал“, „Инферно“, „Татко“, и комедиите „Четири соби“ и „Слуга на двајца господари“.
Tweet |