Петар Печков
Објавено: вторник, 24 ноември 2015
Сведочењето на вештите лица, за убиството на Бајро Ибрахимовиќ ги отстранија сите дилеми за како е сторено делото. Наспроти гласините дека убиениот е застрелан во родното Горно Оризари, доказите упатуваат дека тој е убиен, таму каде што е најден, близу бензинската пумпа, на излезот од Велес, кај Штипско џаде.
Телото беше пронајдено со раширени раце и нозе, со тоа што горните екстремитети беа надвор од јакната, извлечени и оштетени од животни. Главата скелетизирана, што ја отежнуваше идентификацијата. Внатрешните органи беа добро сочувани, што упатува дека телото било мртво неколку недели. Не може да се одреди точниот ден и час кога е застрелан, бидејќи врз него делувале животни. Врз основа на јакната, облеката, но и зглобовите на рацете и нозете може да се каже дека телото не е влечено, не е пренесувано од едно на друго место - изјави патологот д-р Билјана Јаневска.
За сторител на убиството, обвинет е Адис Куртагиќ, најдобриот другар на убиениот Бајро. Тој според обвинението го убил со еден куршум, а пукано било во тилот. Не е пронајден пиштолот со кој е пукано, но затоа во џебовите на Бајро биле пронајдени бели медицински ракавици и спреј за онеспособување. Вештакот од МВР балистичарот Неџат Муриќ, објасни дека убиството е сторено од непосредна близна.
Блиску до телото на убиениот, еден метар од левата нога е пронајдена чаура од пиштол. Колку чаурата е поблиску до телото, тоа е знак дека од блиску е пукано. Колку е подалеку стрелано, толку подалеку ќе биде чаурата од целта на истрелот. Куршумот е 7,65 мм производство на Први Партизан од Ужице - рече Муриќ.
Тој отфрли дека куршумот е подметнат отпосле. Негираше и дека можно да е пукано од блисканиот пат за Штип, кој според него е далеку според пронајдената чаура. Пиштолот од кој е пукано Муриќ објасни дека може да биде ЦЗ 70 југословенско производство , астра од шпанско, берета италијанско, германски валтер.
При поднесувањето на кривичната пријава, полицијата како помагател ја осомничи сопругата на Адис, Сара но по спроведната истрага, против неа нема обвинение. Според обвинението убиството се случило на 24 март минатата година, во напуштена куќа во близина на Бензинската пумпа на влезот во Велес, во терминот од 21 до 22,15ч. Т
елото на починатиот беше пронајдено две седмици подоцна, на 11 април, од деца кои собирала полжави во тој предел, откако 25 дена се трагало по него и се водел како исчезнат. Полицијата до сторителот дошла преку листинзите на разговорите од мобилните апарати на обвинетиот и убиениот.
Tweet |