Петар Печков
Објавено: понеделник, 23 април 2018
Викендов по патиштата во велешко се случија две сообраќајни незгоди. Во нив има две тешко повредени деца, информираа од СВР Велес.
Неделата 22-три април околу 15 ч. на автопатот Неготино - Велес на околу 500м. пред наплатна станица „Градско“ патнички автомобил марка „БМВ Х4“ со скопски регистарски броеви управувано од Г.Г.(74) изгубил контрола над возилото и слетал од коловозот, при што, со повреди се здобиле возачот и сопатничката кои со возило на Брза помош се пренесени во ЈЗУ Општа Болница Велес каде се констатирани телесни повреди - објавија во писмено сооптшение од СВР Велес.
Неделата вечер 22.-ри април во 20.00 часот на магистралниот пат Градско-Прилеп, се случи сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил марка „Хјундаи“ регистарски броеви од Струга управуван од Д.Д.(61) од Струга и трактор марка „ИМТ“ со кавадаречки регистарски броеви управувано од Р.Р.(36) од Росоман, при што, со тешки телесни повреди се здобиле дванаесетгодишно и петнаесетгодишно дете сопатниците од тракторот. Повредените се пренесени во ЈЗУ ОБ Кавадарци - пишува во информацијата на СВР Велес.
Tweet |