речник контакт

Висок број ново заразени во велешко, најмногу годинава, еден починат пациент

Активни се 624 случаи, во велешка Болница вкупно се хоспитализирани 75 пациенти

Петар Печков

Висока бројка  од  76 ново заразени лица во велешко  се регистрирани од  Институтот за јавно здравје, додека оздравени се  25 пациенти.  Активни се 624 случаи а досега се заразени во велешко  4.274 лица.  За потсетување најмногу досега  ново заразени имаше   на 30-ти октомври  83 лица а 79 на 3-ти ноември, минатата година.

Починат е пациент на 64 годишна возраст, позитивен, од Велес кој е лекуван на инфективно одделение шест  дена - соопшти д-р Елеонора Јованов, портпарол на Општа Болница Велес. Тоа е 128-та жртва на ковид заразата.


Во велешка Болница вкупно се хоспитализирани 75 пациенти,  од кои 64  се потврдени позитивни, тројца сомнителни  и осум  пациенти  се со негативен брис но задржани на болничко лекување. На Инфективно одделение се   53, на Интерно осум и во  Модуларна болница 14.На кислородна поддршка се 31 пациенти.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »