Петар Печков
Објавено: петок, 02 јули 2021
Висок одѕив на лицата над 70 годишна возраст, кои примаат втора вакцина против ковид-19 во Здравствен дом. Таму веќе една седмица се пушта ревакцина, која ќе заврши до 13-ти јули.
„Пациентите се дисциплинирани,и редовни во терминот кој им е закажан. Тие примаат „АстраЗенека“. Пунктот работи од 7 до 13 часот. Вакцина треба да примат 824 лица“ - кажа д-р Пандели Божиков, кој е одговрен за овој вакцинален пункт.
Денес пак во вакциналниот пункт во спортската сала на училиштето „Коле Неделковски“ се вакцинираа меѓу другото и лица, кои имаа термин во околните градови.
„Денес во овој вакцинален пункт примивме лица од Велес, кои добиел пораки по грешка да се вакцинираат во Скопје, Кавадарци, Куманово, Штип. Сите тие ја добија првата доза „Синовак“ - кажа д-р марина Тодоровска, координатор на вакцинален пункт за масовна вакцинација во салата на УЗУС.
Tweet |