речник контакт

Внимавајте старите лични карти важат само уште месец и пол

Поради очекување на навалица на граѓаните да ги сменат старите лични карти, СВР Велес започна со двосменско работење на Управните служби

Петар Печков

Управните служби при Секторот за внатрешни работи Велес во Велес започнаа со двосменско работење од денес четврток 12 јануари. Граѓаните кои сакаат да поднесат барање за добивање лична карта и пасош, ќе можат тоа да го сторат во простоориите каде се сместени Управните служби секој работен ден од 9 до 20 часот.


Сабота  15 јануари е работен ден за Управните служби. Сите граѓани кои имаат потреба од добивање на  било каков личен документ, може да го сторат тоа во времето од 08,30- 16,30 час.

Сите оние граѓани кои веќе имаат закажано термин за поднесување барање за добивање личен документ како и сите оние граѓани кои немаат закажано термин, ќе бидат примени од службениците во Управните служби и ќе им биде овозможено правото на добивање одреден документ, велат од СВР Велес.

Со цел да им излезат во пресрет на граѓаните заради почитување и запазување на крајниот рок за замена на старите документи, Управните служби ќе работат во две смени се до 27.02.2012 година- кога е крајниот рок за замена на старите лични карти. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »