речник контакт

Во Велес, ќе има подароци за фаќачот на крстот на Водици

Пријавувањето веќе започна

Петар Печков

Наспроти ланските непријатни случи во неколку македонски градови, на Богојавеление Водици, каде дојде до тепачки за крстот, годинава во Велес  ќе има подароци за најсреќниот. Ова се најавите од Повардарската Епархија.

Не можеме никого да сопреме да подари нешто ако сака. Тоа негов гест. И такви немили сцени немаше во Велес и во Повардарската Епархија, одлуката за не давање подароци беше за Скопје. Светиот чин  ќе се одржи традиционално како и секоја година од Мало мовче  а кој милува може да  подари. Подарок ќе има и од МПЦ -ОА Повардарска Епархија - изјавија од Епархијата.

 Чинот на крштевање на водите на реката Вардар ќе започне во 11 часот а  претходно литијата ќе тргне од црквата Св. Богородица.

 Од Епархијата веќе го  испратија повикот за пријавување ,,Се повикуваат сите заинтересирани православни христијани за традиционалното фаќање на крстот по повод верскиот празник Богојавление - Водици, да се пријават во просториите на Повардарската епархија во Велес, секој работен ден од 08, 00 до 16, оо часот,,.  

Минатата  година  дојде до пресметки на лицата кои го фатија  крстот по што Поглаварот на МПЦ -ОА г.г. Стефан  најави дека годинава нема да има подароци, поради кои и се случија инцидентите

АНКЕТА »

На што се греете зимава?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »