Петар Печков
Објавено: вторник, 18 јули 2023
На Градскиот базен во Велес во тек е обука за спасители на затворени води. Секој кандидат кој успешно ќе го заврши Курсот за спасители се стекнува со Лиценца - Спасител на затворени води.
„На обуката учествуваат 13 лица потенцијални спасители. Тие теоретски и практично учат техники и методи на пливање и спасување во вода“ - кажа Петре Петрушевски меѓународен инструктор за безбедност на вода при Црвен крст и проф. по физичка култура.
Во обуката учествуваат и Националниот инструктор Илија Попов и демонстраторот Ангел Костовски. Организатор е Општинската Организација на Црвен крст Велес.
Tweet |