речник контакт

Во Гимназијата во проектите Еразмус плус, во размената ќе бидат вклучени и учениците

Добиени се пет проекти кои ќе треба да придонесат за европски компетенции и на наставниците и на учениците

Петар Печков

 Гимназијата ,,Кочо Рацин,, годинава работи на пет  проекти од  Еразмус плус од кои три се нови.  За два од нив новина е што ќе бидат вклучени и учениците во краткорочна размена и престој во земјите учесници на проектот.   

Со новите проекти се предвидува и размена на ученици. Со два проекти 35 ученика во следните две години ќе бидат дел до краткорочни обуки и размени, во земјите партнери а Гимназијата ќе биде домаќин на исто толку ученици од земјите партнери. Корист  за наставниците и учениците  е збогатување на вештини,  европски компетенции, учење на култура на учесниците во проектот, размена на нови искуства, согледување на образовниот систем во други земји, стекнување нови пријателства меѓу учениците и наставниците -  вели Мариче Лазаровска координатор на проектот.  

Таков е проектот  „Декодирање со QR кодови“ кој е со стратешко партнерство со Турција, Романија и Полска а вториот е  „Мрежа за иновативен развој на НАНО технологија во училиштата“ кој промовира интередисциплинарен пристап  на нано технологијата во повеќе предмети и работа на реални проблеми  и вклучува вкупно  размени со ученици од Италија и Португалија.  Имплементацијата на проектот „Декодирање со QR кодови“предвидува краткотрајни ученички размени на вкупно 15 ученици придружени од наставници во трите држави на партнерството.

Сите овие проекти во програмата Еразмус+ во кои сме вклучени како училиште претставуваат можност да се запознаеме со начинот на работа во училиштата од земјите со кои сме партнери, да размениме искуства кои се од особена важност за наставниците, и да се запознаеме со културата, традицијата и начинот на живеење во Европа - рече  Христина Леова координатор на проект. Директорот Гоце Алексовски смета дека Еразмус плус е најзначаен проект за Гимназијата  кој се работи од 2104  и во него  учествувале повеќе наставници, во меѓународната соработка. 

 Искуствата кои се стекнати низ размените во овој период се применуваат во училиштето, во наставата  Гимназијата -објасни Алексовски. 

Добивме нови три проекти  Во проектот ,,мобилност на наставен кадар,, оваа учебна година 12  наставници ќе посетуваат обуки во странство, во Малта, Италија, Финска, Португалија, на различни теми избрани според развојниот план на училиштето. Идентификувани се нашите слаби страни, и затоа се избрани тие обуки кои на наставниците ќе им овозможат стекнување нови знаења и вештини кои ќе ги применуваат во просецот на учење. Како индиректни корисници се учениците. Тие би добиле европски знаења и европски вредности и да можат  да го продолжат надвор нивното образование - кажа Леова.       

Проектот „Дигитална Паидеа“ е партнерство со Италија и Полска кој ќе резултира во креирање на брошура, прирачник со оперативни планови за час за предмети по општествени науки со употреба на веб  алатките. Поконкретно, 15 наставници од Гимназијата  ќе присуствуваат на тренинг обуки на кои ќе се креираат часови со употреба на социјалните мрежи во едукативни цели. Идејата потекнува од потребата наставниците да се прилагодат на потребите на учениците, односно нивниот начин на учење и вниманието кое им го одзема технологијата во денешно време.

Проектот  ,,Нови начини за истражување и развој во образованието,,  е наменет за наставници по природни науки и математика и вклучува интердисиплинарно поврзување на СТЕАМ методологијата во наставата. Како резултат на соработката со трите училишта од Италија, Романија и Португалија, се изработени брошури, каталози, презентации, симулации, демонстрации и видеа за поврзувањето на природните науки, математика и технологија со реалните проблеми со кои се соочуваат.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »