Петар Печков
Објавено: понеделник, 23 јануари 2017
Лани во велешко родени биле 512 бебиња, од нив 257 се машки и 255 се девојчиња. Ова се податоците од ЈЗУ Здравствен дом, служба за превентивна здравствена заштита за предучилишните деца. Споредбено со 2015-та кога се родиле 524 во 2016-та имало 12 бебиња помалку, додека во 2014-та во велешко биле родени 557 бебиња.
Според местото на живеење во градот родени се 405 бебиња, во селата 107, во Општина Градско 30 а во Општина Чашка 161. За потсетување во 2015-та во Велес имало 420 новороденчиња 102 во село, во Градско 42 а во Чашка 131.
Од бебињата родени во градот по место на живеење, дури 107 се родени во Скопје, а има бебиња родени и во Струмица, Битола, Кавадарци, Штип а едно во Германија.
Од новороденчињата како прво бебе во велешко се водат 187 додека како трето за кое се добива и финансиска помош имало 62 бебиња.
Бројката на новороденчиња во Градско е во опаѓање. Ако во 2015-та имало 42 лани 30 бебиња, едно од нив е родено во Германија. Како прво родени се 12 додека како трето родени се 4 бебиња. Во оваа општина има повеќе девојчиња 18 отколку машки 12.
Бројката на новороденчиња е во пораст во Општина Чашка, каде лани имало 30 бебиња повеќе од 2015-та. Од 161 новородено бебе 78 се машки а 83 девојчиња. Како прво новородено бебе се водат 33 додека како трето се 38. И во оваа општина има едно бебе родено во странство, во Италија. Во оваа општина има и две бебиња родени во домашни услови.
Во велешката болница лани се родиле 651 бебе , наспроти 703 родени во велешко. Или мајките заминуваат да се породат во Скопје ако се има во предвид дека во велешкото акушерско одделение се породуваат жени од Лозово, Свети Николе, Кавадарци и неготино.
Tweet |