Петар Печков
Објавено: четврток, 19 мај 2016
Младите велешани на големо се венчаваат и прават свадби изминатите две седмици во мај. Тоа го покажуваат бројките на Управата за водење на матичните книги, кои за изминатите два викенди во Велес регистрирале невообичаено голема бројка 30 венчавки.
Тоа е поголем број споредено со претходните години, за периодот по завршувањето на Велигденските пости, кога не се прават свадби. Свадбарската атсмосфера може да се почувствува изминатите два викенди, кога петок, сабота и недела Велес ечеше од звуците на музиката и песната на сватовите.
Во времето по Велигден и 40-дневните пости кога бракови не се склопуваа, вообичаено има поголем број на склучени брачни заедници. Но и оваа бројка од 30 е поголема, оти имаше свадби, чии венчавки беа и претходно од овој месец мај, така што бројката е околу 35 - објаснуваат велешките сниматели, кои во овој период имаат полни раце работа.
Но невообиачено големата бројка на свадби создаде проблеми на младенците. Поради навалицата, немаше доволно камермани кои ќе го снимаат најзначаниот ден од нивниот живот -склопувањето на брак, па морале да доаѓаат и од други градови на помош.
Според статистиката во периодот мај - јуни интересот за склопување на брак е најголем. Така во овој период раце тријат угостителите, продавниците каде се нудат пригодни свадбени подароци како и цвеќарите кои имаат полни раце работа. Оваа седмица гужвите се засилени, во тек се матурските прослави.
Tweet |