Петар Печков
Објавено: четврток, 26 август 2021
Расте бројот на ново заразени во Велес и велешко од ковид-19. Изминатите 24 часa, има 32 ново заразени, соопшти Министерството за здравство а зголемен е и бројот на лица згрижени во велешка Болница на 43 лица.
Изминатото деноноќие има еден оздравен и бројот на активни случаи во велешко се искачи на 178 пациенти.
„Вкупно се хоспитализирани 43 лица, од кои 33 се потврдени позитивни,чест се сомнителни и четворица пациенти се со негативен тест но задржани на болничко лекување. На кислородна поддршка се 14 пациенти. Испишани се двајца пациенти како оздравен со по еден негативен тест“ - соопшти д-р Елеонора Јованова портпарол на велешка Болница.
На Инфективно се згрижени 36 а на Интерно седум пациенти.
Tweet |