Петар Печков
Објавено: вторник, 08 март 2016
Според статистичките показатели во Општина Велес до крајот на 2014-та година имало 1.774 активни деловни субјекти. Споредбено со 2013-та тоа е помалку за 74 деловни субјекти, тогаш ги имало 1847. Но најмногу ги имало во 201-тата кога биле регистрирани 1866.
Во 2014-та најмногу фирми 712 биле трговски и поправка на моторни возила. Бројката распоредена по индустриски гранки, производни и услужни дејности е следена: 197 преработувачка индустрија, 164 транспорт и складирање, 125 стручни, научни и технички дејности, 114 земјоделие, шумарство и рибарство.
Од вкупната бројка на деловни субјекти во 2014-та, најголем дел 1,3 илјади се микро фирми кои вработуваат до 10 лица. Мали фирми кои имаат до 50 вработени во велешко има 441, средни со до 250 вработени има 20 и само шест се големи кои има над 250 вработени.
Tweet |