Петар Печков
Објавено: понеделник, 18 мај 2020
Изминатите 24 часа во Велес се регистрирани два нови случаи на заразени со ковид-19, соопштија од Центарот за јавно здравје Велес. Двата пациенти се испитувале на приватно на приватните лаборатории во Скопје. Со ова вкупната бројка на активни лица со корона вирусот во Велес е 50 а 63 се оздравени.
Едниот од ново заразените е по соседска линија, додека второто лице е сосема нов кластер. Работи во полиција, но не во Велес, не е гранична - изјавија од Центарот за јавно здравје.
На инфективното одделение на велешката Болница згрижени се 23 пациенти, 19 се позитивни а за четири кои се со симптоми се чекаат резултатите.
Tweet |