Петар Печков
Објавено: среда, 10 октомври 2012
Со проекцијата на трагикомедијата ,,ТРИ-ЧЕТВРТ МЕСЕЧИНА“ вечерва во 20 часот во Велес започнува ревијата на новиот германски филм. Таа се одржува во соработка со Германската амбасада и Центарот за култура од Велес и до сабота ќе бидат прикажани пет играни филмови од најновата германска продукција. Петок на програмата се два филма анимираниот ,,КОНФЕРЕНЦИЈА НА ЖИВОТНИТЕ“ од 19 и драмата „ПРОЗОРЕЦ КОН ЛЕТОТО“. В сабота се „ОСТРОВ НАРЕЧЕН УДО“ од 19 часот и „МАШКИ СРЦА ... И ГОЛЕМА ЉУБОВ“ и двете комедии. Пред проекцијата на играните ќе бидат прикажувани кратки филмови. Филмовите ќе бидат прикажувани во салта на театарот ,,Џинот,, а влезот е бесплатен и сите се титлувани.
програма:
10.10.2012 (СРЕДА) почеток 20 ч.
,,ТРИ-ЧЕТВРТ МЕСЕЧИНА“ (трагикомедија)
12.10.2012 (ПЕТОК) почеток 19 ч.
,,КОНФЕРЕНЦИЈА НА ЖИВОТНИТЕ“ (анимиран филм)
12.10.2012 (ПЕТОК) почеток 21 ч.
„ПРОЗОРЕЦ КОН ЛЕТОТО“ (драма)
13.10.2012 (САБОТА) почеток 19 ч.
„ОСТРОВ НАРЕЧЕН УДО“ (комедија)
13.10.2012 (САБОТА) почеток 21 ч.
„МАШКИ СРЦА ... И ГОЛЕМА ЉУБОВ“ (комедија)
Tweet |