речник контакт

Во Велес според ДИК 546 фантомски гласачи

Во Лозово 28, Градско-16 , Чашка 40. Пријавувањето на спорните е до 19 август

Петар Печков

Државната изборна комисија на својата веб -страница го објави списокот на 39.502 спорни гласачи. Тие  ќе мораат да се пријават во ДИК доколку сакаат да бидат на избирачкиот список и да гласаат на наредните избори.

Според пребарувачот на листата на спорни гласачи од ДИК, во Општина Велес има  546 лица , во Лозово  28, во  Градско 16  и во  Чашка 40.    

Пријавувањето на овие граѓани, нагласи, може да се врши на неколку начини - лично во  Подрачното одделение  на ДИК во Велес, лоцирано во зградата на Општина, секој ден од денеска до 19 август во периодот од 8:30 до 19 часот.

 При личното пријавување граѓаните задолжително треба да поднесат важечки документ за лична идентификација- пасош или лична карта. Еден од другите начини на пријавување е и електронското пријавување преку посебна веб апликација на ДИК, која е ставена на веб страната на ДИК. При пополнување на бараните податоци во веб апликацијата граѓаните кои на овој начин ќе одлучат да се пријават задолжително треба да прикачат и валиден документ за идентификација- лична карта или пасош.

До оваа бројка на спорни  т.н. фантомски гласачи, се доаѓа  откако на листата, преку цтрл+ф се пребарува името на општината па се доаѓа до бројка која е присутна гласачи.  

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »