Петар Печков
Објавено: понеделник, 02 септември 2019
Во велешките основни и средни училишта генерално се штрајкува, а во некои само се врши прием на учениците, посебно на првооделенци и оние во прва година средно, како и од повисоките одделенија и години во средно, но настава не се изведува.
Наставата денеска започна само во училиштата во велешките села Клуковец и Сливник, кои се со албански наставен јазик.
Верица Тодоровска, од службата за образование при Општина Велес информира за МИА дека, редовната настава во сите основни и средни училишта започнува утре, кога во училишните клупи треба да седнат 4.908 основци во Велес и велешко меѓу кои и 436 те првачиња и 2077 средношколци.
Велешките основни средни училишта се комплетно подготвени за започнување на утрешната редовна наставата, информира Тодоровска.
Веста е преземена од Македонската Информативна Агенција МИА
фото архива ТрМр
Tweet |