речник контакт

Во Градско и Чашка по 3,во Лозово 4 кандидати за градоначалник

Во Градско поднесена само една листа за советници, во Лозово осум, во Чашка седум

Петар Печков

Кандидатите не ВМРО-ДПМНЕ за градоначалничката фотелја ќе се борат против кандидатите на Социјал Демократската  Унија,  која неочекувано  на овие локални избори   пројави  силни желби, наспроти нејзината дотогашна маргинална позиција.   Во соседните општини, по завршувањето на можноста за кандидирање состојбата е следна.

Во Лозово како кандидати за градоначалник се  тројца независни кандидати: Трајче Георгиевски, Слободан Јовановски и Горанче Велков и кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и коалиционите партнери. До тамошната ОИК поднесени се осум листи за советници, пет независни и од ВМРО-ДПМНЕ, ДОМ и НДМ.

Во  Градско има  тројца кандидати за градоначалник:  Жанета Чаушевска ВМРО-ДПМНЕ со коалиционите партнери, Перо Кузмановски од СДУ и Наташа Лазарова од СДПМ.  Во оваа општина има само една советничка листа на ВМРО-ДПМНЕ со коалиционите партнери.

Во Чашка има исто така тројца кандидати за градоначалник: Горанчо Пановски  од ВМРО-ДПМНЕ со коалиционите партнери, независниот Дејан Ангеловски и Сања Димовска од СДУ.  Има седум листи за советници, една независна и шест од партии НДМ, ДОМ, ДУИ, НДП, ДПА и ВМРО – ДПМНЕ со коалиционите партнери.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »