речник контакт

Во Градско откриено поголемо количество на марихуана

Запленети се 43 стебла „канабис сатива“ , 1,5 кг сува растителна материја пакувана во 12 најлонски кеси, две хартиени паковања за продажба и една јутена вреќа

Петар Печков

Одделението за недозволена трговија при Секторот за внатрешни работи Велес откри случај на недозволена трговија со дрога, при што во куќа во Градско пронајде и заплени  43 стебла „канабис сатива“ со висина од 1 до 2,5 м. , 1,5 кг сува растителна материја од растението „канабис сатива“ пакувана во 12 најлонски кеси во различна димензија, две хартиени паковања во паковка карактеристична за продажба и една јутена вреќа од растението „канабис сатива“.

 На 09 октомври  по основа на издадена наредба од истражен судија од Основен Суд Велес извршен е претрес во куќата, дворното место и помошните простории во Градско, каде повремено престојувал Ѓ.М. (24) од Велес и при тоа во дворот од куќата пронајдени се засадените стебла „канабис сатива“ , а додека во дворот и внатрешноста на куќата пронајдена е пакуваната „марихуана“ во различни амбалажи.

Осомничениот е приведен и задржан во просториите на Полициска станица Велес. Од обавениот разговор со истиот добиени се сознанија дека семките од растението ги посеал во Март годинава и намерата му била дрогата да ја продаде надвор од државата, односно, по негово кажување во Црна Гора каде повремено работел.

Одземената дрога е предадена во Одделот за криминалистичка техника на МВР заради понатамошно вештачење. Во текот на денов од страна на Секторот за внатрешни работи Велес против Ѓ.М. ќе биде поднесена кривична пријава за неовластено  производство, пуштење во промет на опојни дроги

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »