Петар Печков
Објавено: вторник, 03 август 2021
Жителите на населбата Лозово, покажаа исклучително висок интерес за теренска вакцинација, за заштита од ковид-19. Дури во три наврати екипите на Здравствен дом од Свети Николе ја посетија амбулантата во селото, а денес беа по четврти пат, за да се аплицира втора доза по прв пат.
Во првиот наврат на 12 јули, на Петровден во Лозово беа аплицирани 42 вакцини, во следниот 33 а во третата посета 20. Денес втора вакцина примиле 40 лица а прва доза десет.
„Во населбата поради големиот интерес доаѓавме во три наврати. Денес се пушта втора доза, ревакцинација, има интерес и за некои лица да прима прва доза. Се пушта „Синовак“. За вакцинацијата се пренесува од поединец на поединец, и луѓето доаѓаат масовно“ - кажа д-р Сара Симоновска.
Голем број лица се вакцинираа и во соседните села Дорфулија и Каратманово, каде во еден ден се аплицирале 110 вакцини. Освен што можеа да се вакцинираат во вакциналниот пункт во Велес, жителите од Лозово максимално ја искористија можноста да се вакцинираат во нивното место. Објаснуваат дека „за живот се работи“.
Tweet |