речник контакт

Во Младински поставени куќарки за птиците од градот

По теркот на Европските градови и Велес доби хранилиште за птици во центарот на градот

Петар Печков

Во Младинскиот парк во Велес се поставени куќарки, една голема и пет мали наменети за прехрана  на дивите птици. Нив ги изградија и поставија членовите на Друштвото за заштита на птиците ,,Канаринец,, со финансиска помош од локалната самоуправа. Според ова здружение има потреба од организиран начин на прехрана на овие птици, бидејќи по затворањето на Топилницата за 50 отсто се зголемил бројот на диви птици во градот, гугутки, врапци, диви зебу, диви штиглици.

Овие куќарки ќе служат за прехранување и гнездење  на дивите птици. За нив во период кога има снег, мраз и е ладно, тие се судруваат со недостиг на храна. Затоа ова место го добравме, да можат нашите сограѓани да оставаат тука  храна за  птиците. Така сега кога падна снегот, од сопствени средства истуривме 200 кг. храна во околината на градот за прехрана на птиците -  вели  Стефан Шоптрајанов секретар на Друштвото за заштита на птиците ,,Канаринец,, . Тие две седмици сами ги граделе овие куќарки, ги фарбале и ги поставиле на место каде велешани непосредно ќе можат со храна на им помогнат на птиците од градот. Во тек била изработка на уште две вакви големи куќарки, кои ќе бидат поставени на други локации.

По еколошката револуција во градот, флората и фауната се враќаат. Така и општината прави напори да го помогне граѓанскиот сектор, кој се бави со оваа тематика а во интерес на птиците кои се во поширокиот велешки регион. По теркот на Европските градови и ние создадовме катче, каде граѓаните ќе можат да им помогнат со храна на птиците. Ова е можност сите заедно да се вратиме на природата и Велес да го направиме повторно подобар еколошки град за живеење а децата од мали нозе да ги учиме на хуманите вредности  – рече Горан Петров градоначалник на Велес.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »