речник контакт

Во автомобил на скопјанец пронајдени 150 кг марихуана

Кумановското возилото било откриено во близина на Башино село

Петар Печков

Во автомобил  кој го управувал скопјанец, велешката полиција пронашла тревкаста материја,за која с е сомнева дека е марихуана. И тоа во количина од 150 кг. Автомобилот бил откриен во средата вечер, при рутинска контрола на полицијата. 

 Околу 19.50 часот на локалниот пат Башино село -Велес, при контрола на автомобил  „Фолксваген Венто“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од С.А. (38) од Скопје, полициски службеници во багажниот простор пронашле два големи куфери и три јутени торби со непозната тревкаста материја -најверојатно марихуана, со вкупна тежина од околу 150 килограми – изјавија од МВР.  

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Велес. Пронајдената материја со потврда за привремено одземени предмети, ќе бидат доставени за вештачење. С.А. е приведен во СВР Велес и по целосно документирање на случајот, против истиот ќе биде поднесена соодветна пријава.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »