Петар Печков
Објавено: петок, 23 март 2018
Во касарната Алексо Демниевски Бауман во Велес, денес се одржа крводарителска акција. Професионалните војници, војниците доброволци, старешините и граѓанските лица вработени во АРМ уше еднаш ја покажаа нивната хуманост.
Собрани беа 43 крвни единици, од кои пет беа жени а 14 крводарители прв пат даруваа крв. На ланската акција организирана на овој ден, на истата локација беа собрани 45 крвни единици.
Организатори беа ОО на Црвен Крст Велес, Заводот за трансфузиона медицина и командата на велешката касарна.
Tweet |