речник контакт

Во велешкиот театар премиерно ,,Последниот Балкански вампир,,

Премиерата е во режија на Александар Ивановски, по текст на Дејан Дуковски а се игра по 24 години откако истата ја имаше праизведбата во Велес

Петар Печков

По дваесет и четири години повторно во велешкиот театар се враќа претставата ,,Последниот Балкански вампир,, овој пат како  римејк и премиера во режија на Александар Ивановски, по текст на Дејан Дуковски.  Премиерата  е закажана  за вечерва, четврток во 20 часот во салата на театарот Јордан Хаџи Константинов Џинот. Таа се најавува како  шармантна,  интересна, смешна,  забавна претстава, која изобилува со микс теми од гротеска,  фарса до  комедија.

Два месеци се работеше на претставата. Создадовме сценско доживување кое  публиката  со задоволство ќе го гледа.  Драмите на Дуковски се многу остри,  многу прецизни,  многу конкретни, што е реткост и во Европски и светски  рамки.  Мене многу ме возбуди во овој текст, што тој  воопшто не е за вампири и натприродни суштества, туку според мене за односот меѓу индивидуата, човекот и системот, слободното мислење  и механизам кој сака да ја здржи својата надмоќ. Класична античка спротивставеност меѓу  две работи, која е секогаш актуелна - рече режисерот Александар Ивановски. 

Во претставата настапуваат Слободанка Чичевска, Маја Љутков, Самоил Стојановски, Кети Боризовска, Кица Ивковска, Весна Димитров Бобевска и Славица Манаскова која од неодамна е нов редовен   член на ансамблот на велешкиот театар.

Ако театарот треба да биде авангарда, оваа претстава го покажува тоа. Направивме смела претстава, политички театар во која човекот кој  мисли со своја глава треба да се поддржи. Многу е современа, денешна и затоа ќе биде гледана – рече Слободанка Чичевска. Овој текст во 1989 ја имаше праизведбата во велешкиот театар. Сценографијата  на претставата  е на Дејан Трипуновски, а костимите на Александра Крнинов Груев.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »