речник контакт

Во велешко, повеќе оздравени отколку нови случаи со ковид-19

Во велешка Болница има згрижено како и вчера, 49 пациенти

Петар Печков

Повеќе оздравени отколку ново заразени е здравствениот биланс за изминатите 24 часа за велешко. Според  Министерството за здравство има 19 оздравени пациенти а 13 нови случаи. Бројот на активни лица со ковид-19  во велешко   е 374.

Во трите ковид одделенија од Болницата  има хоспитализирано   како и вчера, 49 пациенти. Од нив 35  се позитивни потврдени со ПЦР тест, двајца  се  непотврдени и 12  негативни, но со здравствени проблеми, па  имаат потреба од здравствена заштита.

„Испишани како оздравени со по еден негативен тест се тројца пациенти, има примено еден нов. На  континуирана кислородна поддршка се 17 пациенти“ - соопшти д-р Елена Левкова Ќулумова портпарол на велешка Болница.

На Инфективното одделение  се 21   пациенти, на Интерното одделение каде се сместени сомнителните случаи има осуммина    и во Модуларната Болница има 20 пациенти.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »